Палермо поради банкрот во 2019 година беше исфрлен во Серија Д. Сицилијанскиот клуб полека се враќаше, ги искачуваше скалилата и веќе се избори за влез во Серија Б.
Според „Скај Спорт Италија“, газдата на Палермо, Дарио Мири имал довчасовен состанок во Милано денеска со претставници на Сити Груп.
Состанокот бил позитивен и тие се подготвени да го купат клубот во текот на летово.
Доколку навреме го направат тоа, се очекува да донесат сериозни засилувања и да атакуваат на брз пласман во Серија А.
Сити Груп е холдинг компанија во која доминантен сопственик е Абу Даби Јунајтед Груп, а има и американски и кинески инвеститори.
Компанијата покрај Манчестер Сити е сопственик и на други клубови како што се Мелбурн Сити, Њујорк Сити, Жирона, Троја и Јокохама Маринос.