Баерн Минхен притиска за купување на Хари Кејн ова лето и веројатно тоа ќе се случи.
Претседателот на Тотнем, Даниел Леви игра тврдо во преговорите и не сака да го продаде, но веројатно ќе мора да го стори тоа откако добил наредба од доминантиот сопственик да го направи тоа доколку напаѓачот не сака да потпише нов договор.
Кејн ги одбива сите предлози за нов договор, а доколку не го продолжи, англискиот клуб ризикува следното лето да го загуби за беспари, па ова им е последна шанса да заработат на негово заминување.
Џо Луис не сака да испуштат сума од околу 100 милиони евра, па му наредил на Леви дека мора да го продадат Кејн во наредните денови.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.