Газдата на Наполи со шокантна исповед: Уште на презентацијата на Гарсија ми стана јасно дека треба да го избркам!

by
1 минути читање

Наполи го одбра Руди Гарсија како наследник на Лучано Спалети, но стратегот не се задржа многу на „Диего Марадона“, доби отказ на средината од ноември.

Но газдата на Наполи сега излезе со шокантна исповед и откри дека му станало јасно дека треба да го избрка Руди Гарсија уште на денот кога го презентирал Французинот за нов предводник.

„Мој прв избор беше Тијаго Мота, но тој сметаше дека не е подготвен за ваков предизвик, требаше да наследи тренер кој го донесе Скудетото. Подоцна му се јавив на Луис Енрике, ме натера да го чекам три дена. Бараше многу пари, начелно се договоривме, но на крајот побара уште повеќе пари. Потоа следен на листата ми беше Јулијан Нагелсман, па откако не се случи ништо и со него, го одбрав Руди Гарсија“ – вели Аурелио Де Лаурентис.

„Ми стана јасно дека треба да го избркам Руди Гарсија уште на денот кога го презентиравме. Не ми се веруваше кога го слушнав како вели „Не го познавам Наполи, не сум гледал натпревари на Наполи“. Требаше само да продолжи да го негува стилот на Спалети, но наместо тоа, го избрка фитнес тренерот кој беше перфектен и донесе човек кој потоа направи многу проблеми во соблекувалната“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×