Газдата на Наполи се закани дека нема да купува играчи од Африка: Ние сме идиотите кои им даваат плата, а тие играат за други

by
1 минути читање

Контроверзниот
сопственик на Наполи повторно излезе со изјава која крева многу прашина,
Аурелио Де Лаурентис се закани дека нема да купува играчи од Африка.

Тој нема ништо
против фудбалерите, едноставно му смета тоа што тие на сред сезона заминуваат и
се отсутни по месец дена кога се игра Африканскиoт куп на нации.

„Им кажав на
луѓето од клубот, немојте да ми зборувате веќе за фудбалери од Африка, нема
шанси да купам некој од таму. Видете, немам ништо против играчите, ги сакам, но
за да ги купам, ќе треба да потпишат некој документ со кој ќе се откажат од
играње на Африканскиот куп на нации“
 –
вели Де Лаурентинс.

„Ние сме идиотите
кои им даваат плата, за потоа да ги пратиме на друг континент и да играат за
други“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани