Тема на разговор се очекува да бидат Аспиликуета, Алонсо, Де Јонг и Дест.
Цезар Аспиликуета и Маркос Алонсо веќе ги имаат договорено личните услови со Барселона, останува уште двата клуба да го договорат обесштетувањето за нив.
Челси го сака Френки де Јонг, па холандскиот фудбалер би можел да стане дел од оваа зделка. Се верува и дека тој ќе биде главната ѕвезда на овие разговори бидејќи во спротивно сопственикот на сините немаше итно да замине во Барселона.
Челси и Барселона би требало да го договорат и тој трансфер, но вистинското прашање во овој случај е дали Де Јонг ќе сака да го напушти Камп Ноу. Тој цело лето досега изјавува дека сака да остане.
Четврти фудбалер за кој ќе се разговара е Сержињо Дест за кој Челси е исто така заинтересиран.