Газдата на Челси до Шахтар: Ќе платиме повеќе без разлика колку нуди Арсенал

by
1 минути читање

Арсенал подолго
време се обидува да го ангажира Михајло Мудрик, но Шахтар не сака лесно да се
откаже од својот талент и одби понуда вредна нешто над 60 милиони евра.

Преговорите
продолжуваат, но Челси може да му ги помати сметките на својот градски ривал.

Новинарот Мигел
Дилејни објави дека сопственикот на „сините“, Тод Боли го известил Шахтар дека
се подготвени да платат повеќе без разлика каков е предлогот на „топчиите“.

Останува да се
види дали има вистина во ова, или пак само се прави дополнителен притисок врз
Арсенал да платат повеќе.

Се говори дека
Шахтар бара пакет вреден околу 80 милиони евра за да се раздели со Михајло
Мудрик
, додека пак Арсенал со
втората понуда е подговен да стигне до 70 милиони евра.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×