Гатузо за односот со Пирло: Има добиено повеќе заушки од мене, отколку од својот татко!

by
1 минути читање

Вечерва Јувентус
и Наполи ќе ги одмерат силите во Суперкупот на Италија, а покрај случувањата на
теренот, интересен ќе биде и дуелот покрај аут линијата каде ќе стојат Андреа
Пирло и Џенаро Гатузо, кои десет години беа соиграчи во Милан.

„Имаме играно
заедно во репрезентацијата на Италија до 15, 16 и 18 години. Го освоивме
Европското првенство за играчи до 21 година, триумфиравме на Светското
првенство, освоивме се што може да се освои. Тој беше важен за мојата кариера,
но и јас му помогнав многу“
– вели Џенаро Гатузо.

„Добри пријатели
сме, имавме прекрасни моменти на терените но и надвор од нив. Ова е само
фудбалски натпревар, нека победи подобриот, и без разлика што ќе се случи, ќе
останеме добри пријатели по последниот свиреж на судијата“.

Во својата
автобиографија, Андреа Пирло откри дека често знаел да се мајтапи со Џенаро
Гатузо и покрај тоа што секогаш јадел ќотек.

„Има добиено
повеќе заушки од мене, отколку од својот татко! Ние сме како Бад Спенсер и
Тeренс Хил“.

Запрашан дали
може да го изненади својот добар пријател и да го совлада, Гатузо вели: „Имам одредени идеи. Но ќе
погрешиме доколку мислиме дека Јувентус е во криза. Тешко дека ќе изгубат два
меча во низа. И покрај тоа што се без неколку важни играчи, имаат неверојатен
состав. Мораме да прикажеме одлична партија, да бидеме концентрирани и
пофокусирани од вообичаеното“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×