Предводникот на
Наполи, Џенаро Гатузо инсистира на тоа дека Лоренцо Инсиње не требало да биде
исклучен на дербито со Интер, а има и едно свое гледиште на работите по однос
на тоа прашање.
Инсиње заработи
директен црвен картон во 71 минута, а две минути подоцна Лукаку од пенал го
постигна голот за победа на „Нероаѕурите“ кој е од исклучително значење во
битката за титулата за Скудетото сезонава.
„Ова само во
Италија може да се случи, му реков на судијата Маса дека две миниту пред
исклучувањето имал замерки до Инсиње за тоа како се однесувал како капитен, а две
минути подоцна му дава црвен картон“ изјави Гатузо.
„Не можете така
едноставно да исклучите фудбалер, особено кога се работи за капитен, поради тоа
што му кажал на судијата да одје*е по контроверзната одлука за пенал“ додаде
предводникот на Наполи.
„Во Англија, па и
Шкотска, фудбалерите тоа постојано го прават кон судиите, а ништо не се
случува, само во Италија фудбалерите се исклучуваат за оваа причина, кога јас
бев фудбалер, судиите покажуваа разбирање, имаа чувство како да го водат мечот
без да ја загубат контролата, особено тоа важеше за вакви ситуации кога
фудбалерите им довикуваа да одје*ат, а тие се правеа како да не го слушаат тоа,
Инсиње не му го ни кажа тоа во лице“ заклучи Гатузо.