280
Наполи за прв пат
по 2013 стартуваше меч со тројца централни дефанзивци, Џенаро Гатузо се реши за
подефанзивен пристап против Аталанта, играше на нерешено, го доби тоа, па
финалистот ќе се одлучува на реваншот во Бергамо за седум дена.
Гостите беа
подобар противник и можат да жалат што одиграа 0-0 откако креираа неколку убави
шанси. Оспина во три наврати беше на висината на задачата, ги одбрани обидите
на Песина, Муриел и Запата а имаше и среќа кога дефанзивецот Толои се најде во
гол шанса но биеше очајно крај голот.
Елиф Елмас шанса
доби во второто полувреме, влезе во игра во 66. минута на местото на
повредениот Деме.