Гатузо по заминувањето од Хајдук може да добие работа каква што и самиот не очекуваше!

by Стефан
1 минути читање

Селекторот на Италија, Лучијано Спалети потврди дека ја напушта функцијата, а според последните информации фаворит за клупата на „Аѕурите“ е Џенаро Гатузо.

Најголемата желба на раководството на Фудбалскиот сојуз беше Клаудио Раниери, но искусниот стратег ја одби понудата порачувајќи дека сака да се посвети на новата улога во Рома каде што работи како директор и советник на тренерот Гасперини.

Како опција за клупата на Италија, се споменуваше и Фабио Канаваро.Ќе потсетиме, Гатузо последниот ангажман го имаше во Хајдук со кој беше во борба за титулата во Хрватска, но на крајот не успеа да ја освои и си замина по завршувањето на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани