Гатузо откри колку милиони му простил на Милан: Клубот ми даде сè, не сакав да бидам товар

by
1 минути читање

Џенаро Гатузо во
2017 се врати во Милан, беше именуван за тренер на Примавера тимот но само
неколку месеци подоцна, откако Винченцо Монтела доби отказ, тој беше унапреден
во тренер на првиот тим.

„Росонерите“ беа
задоволни од неговата работа па го наградија со договор до 2021 година. Сепак,
следната сезона беше негова последна на кормилото, двете страни се разделија на
крајот од 2018/19.

Џенаро Гатузо
тогаш направи господски потег и се откажа од парите кои требаше да ги доби како
обесштетување со цел Милан да може да ги компензира неговите помошници.

„Се откажав од
околу 5,5 милиони евра нето“
– открива сега Џенаро Гатузо. „Дел од оваа сума
беше искористена за да се компензираат луѓето од мојот персонал бидејќи останаа
без работа и тоа не беше фер“.

„Ова не беше
голем проблем за мене. Милан ми го промени животот. Благодарен сум му на Милан,
клубот ми даде сè, па не сакав да бидам товар“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×