Гатузо објасни зошто Наполи по долги години ја промени формацијата, една од причините е и Елмас

by
1 минути читање

Наполи за прв пат по 2013 започна меч со тројца централни дефанзивци, па многумина беа изненадени од пристапот за кој се реши Џенаро Гатузо. По крајот на натперварот, стратегот се правдаше дека морал да направат одредени измени бидејќи заморот ги стигнал Пјотр Зелински и Елиф Елмас и немал доволно играчи за тројца во средниот ред.

„Моравме да играме 3-4-3, потребни не се свежи играчи, Зелински и Елмас беа заморени и мораваме да ги одмориме. Бакајоко, Лоботка и Деме не можат да се снајдат како „мецала“, среден ред со тројца без Зелински или Елмас нема логика, па моравме да направиме нешто“ – вели Џенаро Гатузо.

„Исто така, Аталанта се мачи против тимовите кои играат со тројца во одбрана, ја пробавме оваа формација на последниот тренинг и помина добро“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×