Италијанскиот стратег Џенаро Гатузо би можел да се врати во татковината по заминувањето од сплитски хајдук.
Легендарниот фудбалер со завидна играчка кариера пристигна на „Полјуд“ како големо име, но без некој посебен успех како тренер. Со Хајдук беше блиску и влезе во борба за титулата со Динамо и Риека, но на крајот сепак не успеа да ја освои.
Според информациите на реномираниот Калчомеркато, Торино сериозно размислува за смена на актуелниот тренер Паоло Ваноли, кој тимот оваа сезона го водеше до 11. позиција во Серија А. Доколку дојде до разделба, Гатузо е еден од првите кандидати за клупата на „гранатите“.
Претседателот на клубот од Пиемонт, Урбано Каиро, има високо мислење за поранешниот играч на Милан, што дополнително ги засилува шпекулациите.
Гатузо досега во својата тренерска кариера зад себе има 377 натпревари, на кои забележал 167 победи, 102 нерешени резултати и 108 порази. Сега останува да се види дали „калчото“ повторно ќе му ја отвори вратата.
Фото: Hajduk Split/X