Гатузо може да го напушти Хајдук – добил понуда од Италија!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Хајдук би можела да остане без Џенаро Гатузо кој според последните информации од медиумите има понуда да се врати во италијанскиот фудбал.

Гатузо на клупата на Хајдук пристигна минатата година и сезонава со клубот од Сплит е во битка за титулата.

Во Италија, Гатузо претходно ги водеше клубовите на: Палермо, Пиза, Милан и Наполи.

Рома во овој момент е предводена од Раниери кој ќе ја напушти клупата на крајот од сезоната и ќе има само директорска функција, а наводно Гатузо е една од најголемите желби на раководството.

Доби прашање Гатузо за евентуалната понуда од Рома и на прес-конференцијата пред натпреварот во хрватското првенсво.

„Тука сме да разговараме за Истра, не за Рома“, кратко одговори италијанскиот тренер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани