Гатузо: Јас и Чави игравме различни спортови, тој беше „реџиста“ а јас маратонец

by
1 минути читање

Валенсија вечер
ја пречекува Барселона, екипи кои за тренери имаат две фудбалски легенди со
различни стилови.

„Многу сум среќен
што повторно ќе се сретнам со него. Игравме во различни спортови… тој играше
фудбал, јас трчав. Тој беше „реџиста“, јас бев маратонец“
– вели Џенаро Гатузо во
пресрет на средбата со Чави.

„Денеска е добар
тренер и сигурен сум дека ќе има одлична кариера. Имам огромна почит кон него,
чест и задоволство ми е што ќе се сретнам со него“.

„Каталонците“ на
Местаља гостуваат откако беа елиминирани од групната фаза во Лигата на шампиони
и поразот од Баерн Минхен.

„Не знам како ова
ќе влијае врз нив, но јас имам доволно проблеми со мојот тим па немам време да
мислам што се случува во соблекувалната на Барса“.

„Едно е јасно,
има две Барселони, една во Ла Лига каде постигнува многу голови и игра
неверојатен фудбал, и друга која се мачи во Европа“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×