136
Валенсија, слично
како Барселона, е во големи финасиски проблеми па клубот од „Местаља“ ова лето
малку инвестираше на трансфер пазарот, за разлика од „каталонците“ кои
потрошија преку 150 милиони евра.
„Во Шпанија има
стрикни економски правила, на пример, Барселона се уште не може да ги
регистрира новите засилувања а сезоната почнува утре“ – во разговор со Газета дело Спорт вели Џенаро Гатузо, кој ова лето започна нова авантура и седна на тренерското столче на Валенсија.
„Која е поентата
да купиш некој што не можеш да си го дозволиш“.
„Ние сме
лимитирани од аспект на пари, но од аспект на напорна работа и желба, мислам дека никој не ни е рамен. Теренот ќе покаже колку далеку можеме да стигнеме“.