Гатузо има десет дена да ги промени работите, Бенитез чека

by
0 минути читање

По разочарувачкиот пораз од Верона од 3-1, Де Лаурентис му се јавил на Бенитез кој е слободен тренер откако си замина од Далиан.

Де Лаурентис разговарал со Бенитез за негово евентуално враќање на клупата на Наполи.

Сепак Гатузо добил десет дена шанса да ги сврти работите и да остане на клупата.

Во четврток Наполи ја пречекува Специја во Купот на Италија, а потоа има два меча од Серија А со Парма и Џенова. Од овие натпревари треба да зависи иднината на Гатузо. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×