Хајдук е во тесна борба за титулата во ХНЛ со Ријека, а шанса од сенка чека и Динамо Загреб. Сите три фаворити загубија во претходното 31. коло.
Интересна изјава за борбата за титулата даде Џенаро Гатузо. Италијанскиот стратег го прокоментира фактот дека Хајдук не е најсилен состав во хрватското првенство, туку тоа е Динамо Загреб.
„Играчите знаат добро за што се игра, за историјата и нешто што клубот го чека многу години. Не чекаат тешки натпревари против силни противници, а фудбалот не е лесна игра. Треба да се ориентираме само на нас и нашата игра. Против Истра морав да кренам глас и на крајот имавме среќа Ријека да загуби. Ако го освоиме првенството – тоа ќе биде чудо. Не сме најсилни во лигата, тоа е Динамо, а ние сме пред нив на табелата. Веруваме дека можеме да испишеме историја“, изјави Гатузо.
На врвот на табелата во Хрватска се Ријека и Хајдук со по 56 бода, додека 51 има третопласираниот Динамо.