Гасперини по девет години заминува од Аталанта и се сели во друг италијански гигант!?

by riste
0 минути читање

Џан Пјеро Гасперини е на добар пат да ја напушти Аталанта, се верува дека уште утре изутрина ќе го соопшти своето заминување од Бергамо.

Денеска имаа состанок Гасперини и директорите на Аталанта, но тој завршил неуспешно.

Италијанските медиуми пишуваат дека Гасперини ќе биде нов тренер на Рома со која ќе потпише тригодишен договор.

Наводно Клаудио Раниери го врбува Гасперини да стане тренер на Рома.

Рома се поврзува и со Фабрегас, но се чини дека изборот сепак ќе падне на Гасперини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани