Гасперини објасни зошто Де Кетеларе е одличен во Аталанта, а не успеа во Милан

by
2 минути читање

Де Кетеларе требаше да биде големо засилување за Милан, но стана големо разочарување откако не го покажа она што се очекуваше од него.

Гасперини објаснува дека за Кетеларе да влезе во форма треба да игра постојано, нешто што не беше случај во Милан.

„Де Кетеларе има некои многу слични карактеристики на Јосип Иличиќ, но уште е многу млад и има голем простор за напредок“, вели Гасперини.

„Среќен сум со неговиот карактер и работната етика. Слушнав луѓето велат дека бил малку мрзлив и индолентен, но вистината е дека тој има таква мускулна структура што треба да игра регуларно за да влезе во форма. Понекогаш говорот на тело може да изгледа како мрзливост, но тоа е само обид да го најде ритамот“.

Ако ова тврдење на Гасперини е точно, можеби Де Кетеларе ќе успееше и во Милан доколку врзеше повеќе настапи како стартер.

@2024 – Сите права задржани