Гасперини комплетно го исфрли Папу Гомез од составот, дали Аргентинецот веќе го одигра последниот меч за Аталанта?

by
1 минути читање

Натпреварот против Јувентус има големи шанси да е и последниот за Папу Гомез во дресот на Аталанта, тој не е повикан за денешниот меч против Рома поради лошо однесување.

„Газета дело Спорт“ очекува агентот на Гомез наскоро да се сретне со раководството на Аталанта на разговор за неговата иднина, но тој да остане во Бергамо е речиси невозможно.

Папу Гомез на дуелот со Јувентус во игра влезе во второто полувреме. Додека беше на клупата беше виден како ја пее химната на Јуве.

Тој не го ни прослави голот на неговиот соиграч Ремо Фрулер, додека сите играчи на Аталанта беа во прегратка, Папу Гомез беше сам на теренот.

Со ваквото негово однесување не само што го расипа односот со тренерот Гасперини, туку тој се одалечи и од фановите кои не можат да ги одобрат неговите постапки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани