Гаштаров: За овој момент сонував од дете, подготвен сум да играм било каде!

by Стефан
1 минути читање

Матеј Гаштаров кој е еден од дебитантите во националниот тим пред дуелот со Швајцарија зборуваше за медиумите и не го криеше своето задоволство што дел од македонската репрезентација.

„За овој момент сонував од дете, многу сум среќен и секако дека очекувам и да настапам. Одлично сум прифатен, како и што очекував. Работев многу на себе, дојдов и до првата екипа на Црвена ѕвезда, сега и за сениорската репрезентација. Подготвен сум да играм на било која позиција, да ја исполнам секоја задача од тренерот. Верував во себе, можеби не очекував дека во еден месец ќе дебитирам и за првата екипа на Црвена ѕвезда и на репрезентацијата, но подготвен сум за предизвикот“, изјави Гаштаров.

Натпреварот против Швајцарија во кој може да ги одигра и првите минути е закажан за в сабота, а иако Швајцарците се фаворити Гаштаров порача дека Македонија оди на победа.

„Во сабота очекувам победа. Да одиграме максимално, да оставиме срце на терен за овој дрес. Секогаш одиме на победа, без разлика кој ни е противник. Ги почитуваме сите противници, но ние имаме свои квалитети и секако дека одиме на победа“, вели Гаштаров. Тој додава дека е подготвен да ја исполни секоја задача што ќе ја добие од селекторот. „Подготвен сум да играм на која било позиција, да ја исполнам секоја задача од тренерот“, рече Гаштаров.

Дуелот со Швајцарија е закажан за од 20:45 часот на Арената „Тодор Проески“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×