Ганеросаурусот се врати во Арсенал, реагираше и Озил на социјалните мрежи (ФОТО)

by
1 минути читање

Џери Кју 27 години беше маскота на Арсенал, го носеше костумот на Ганеросаурусот, но пред некое време беше отпуштен од клубот поради пандемијата на коронавирус и немање публика на Емирати.

Озил тогаш вети дека додека е член на Арсенал тој лично ќе му ја плаќа платата на Ганеросаурусот.

Ганеросаурусот денеска прв пат објави фотографија на социјалните мрежи дека повторно е на Емирати, а Озил го ретвитна со коментар: „Среќен сум што повторно си таму каде што припаѓаш“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани