Галијани предлага Суперлига но без Англичаните: Погледнете само колку пари потроши Нотингем Форест

by
1 минути читање

Поранешниот прв оперативец на Милан, кој сега ја извршува истата функција во Монца, даде свое видување за проектот Суперлига, кој гигантите од Европа го започнаа, но по само неколку дена го напуштија (останаа само Реал, Барселона и Милан).

Адриано Галијани смета дека треба да има Суперлига, но без Англичаните.

„Суперлигата може да биде решение, но без Англичаните. Треба да има „Брегзит“ и во фудбалот“ – вели Адриано Галијани.

„Клубовите од Премиерлигата заработуваат четири пати повќе од клубовите од Серија А. Монца добива 33 милиони евра од ТВ правата, и од оваа сума мораме 3 милиони евра да одвоиме за Серија Б. Клубовите кои ќе обезбедат промоција во Премиерлигата, добиваат 160 милиони евра! Како може Монца да му конкурира на Нотингем Форест? Погледнете само колку пари потрошија тие!“

Нотингем Форес ова лето потроши околу 100 милиони евра и донесе 12 нови имиња, а се најавува дека до крајот на летото клубот ќе се обиде да ангажира уште некое засилување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани