Галијани: Повеќе плачев кога Монца влезе во Серија А, отколку кога Милан освои ЛШ

by
1 минути читање

Галијани е роден во Монца, во 2018 година заедно со Берлускони го земаа клубот со кој направија историски успех пласирајќи го во Серија А. 

Поранешниот директор на Милан на промоција на својата автобиографија објасни зошто со посебни емоции го доживеал моментот кога Монца изборила пласман во најдобрата лига во Италија.

„Книгата ја посветив на мојата мајка, која за жал ја загубив кога имав само 15 години. Тоа е искуство кое не би му го посакал ниту на мојот најголем непријател, тоа е најтешкиот тест од сите“, вели Галијани.

„Пред една година со Монца се пласиравме во Серија А, плачев многу повеќе отколку кога со Милан ја освоивме Лигата на шампионите бидејќи мојата мајка еднаш рече дека порано или подоцна Монца ќе игра во Серија А и минатата година тоа се случи“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×