Галатасарај размислува да го избрка најскапото засилување на Тотнем, го фатиле во хотелската соба со бургери!

by
1 минути читање

Танги Ндомбеле
важеше за еден од најперспективните фудбалери во Европа, и во 2019 се пресели
во Тотнем за клупски рекорден трансфер вреден над 60 милиони евра.

Но тој не се
снајде во Северен Лондон, и на почетокот од 2022 година се врати во Лион на
позајмица, за потоа сезоната 2022/23 да ја помине на позајмица во Наполи.

Изминатово лето
ниту еден клуб не загриза посериозно за услугите на Французинот, па кога затвори
трансфер пазарот во најголемиот дел од светот, Танги Ндомбеле беше испратен на
позајмица во Галатасарај.

Но се чини дека
неговата авантура во Истанбул може за брзо да заврши, медиумите од Турција
пишуваат за голема расправија помеѓу Танги Ндомбеле и тренерот Окан Бурук.

Танги Ндомбеле
пристигнал во Галатасарај со +6 килограми и веднаш бил ставен на специјален
режим на исхрана за да се стигне до идеална тежина и да влезе во топ форма.

Но работите не
оделе според планот, а тренерот Окан Бурук збеснал кога дознал дека Французинот
си нарачал бургери во хотелската соба по поразот од Баерн Минхен во Лигата на
шампиони.

Се шпекулира дека
Галатасарај не сака повеќе да ја толерира недисциплината на фудбалерот и
планира да ја прекине соработката.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани