Галатасарај освои трофеј за 50 секунди, играчите на Фенербахче го напуштија теренот! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Се случи тоа што беше најавено пред натпреварот, Фенербахче се појави со младински играчи на мечот, му дозволија на Галатасарај да даде гол преку Икарди во својот прв напад, а потоа се повлекоа од теренот.

Мечот траеше само 50 секунди, по што фудбалерите на Галатасарај го кренаа пехарот.

Причина за ваквата реакција на Фенербахче е нивната битка со Турската фудбалска федерација откако фудбалерите им беа нападнати на гостувањето кај Трабзонспор од навивачите на овој клуб.

За циркусот денеска да биде уште поголем, фудбалерите на Галатасарај се вратија, се поделија на два тима и играа меѓусебен тренинг натпревар.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани