Екипата на Галатасарај денеска и официјално го потврди трансферот на Рафаел Леао.
Турскиот клуб во официјалното соопштение ги објави и финансиските детали од зделката. На сметката на Милан ќе легнат фиксни 38 милиони евра, а „росонерите“ договориле и 20 проценти од профитот што Галатасарај ќе го оствари при евентуална следна продажба на португалскиот репрезентативец.
Леао со турскиот гигант потпиша четиригодишен договор, според кој ќе заработува неверојатни 10 милиони евра по сезона.
Португалецот во текот на летото беше поврзуван и со трансфер во Астон Вила, но на крајот ја избра Турција.
Така, Галатасарај доби едно од најзвучните засилувања во овој преоден рок, додека Милан се раздели со својата ѕвезда.