„Галактико“ засилување и отворање на ново контроверзно поглавје, Флорентино Перез пред голем предизвик

by bojan
2 минути читање

Флорентино Перез вчера ја доби довербата од членовите на Реал Мадрид за нов мандат во претседателската фотеља, но искусниот оперативец сега го чека сериозен тест за иднината на клубот.

Флорентино Перез останува на чело на „кралевите“, тој лесно ја доби претседателската трка со Енрике Рикелме.

Но допрва го чека сериозен тест за иднината на клубот, односно најавите за делумна продажба на Реал Мадрид на странски инвеститор.

Ова контроверзно поглавје неколку години е туркано од Флорентино Перез и неговите соработници, и предизвикува поделени мислења помеѓу навивачите и членовите на клубот.

Планот предвидува продажба на мал дел од акциите на инвеститор или инвеститори, со што би се нарушил традиционалниот модел според кој Реал Мадрид е во целосна сопственост на своите членови, нешто што денес е реткост во модерниот фудбал.

Критичарите предупредуваат дека ваквиот потег може да го загрози идентитетот на клубот и да отвори врата за влијание на инвеститори врз клучните одлуки. Токму поради тоа, противкандидатот Енрике Рикелме силно се спротивстави на иницијативата за време на изборната кампања.

Според информациите на „Марка“, првиот чекор би бил продажба на 5% од клубот, додека контролата би останала во рацете на околу 100.000 членови. Но за да стане реалност, проектот мора да добие поддршка на референдум, каде што Перез ќе треба да обезбеди апсолутно мнозинство.

Со оглед на тоа што значителен дел од членовите гласаа против него токму поради ова прашање, претседателот на Реал Мадрид го очекува една од најтешките битки во неговата кариера, битка за иднината и идентитетот на клубот.

Тука е и најавата за ново „галактико“ засилување, Флорентино Перез најави дека во вторник ќе понуди историски 150 милиони евра.

Низ медиумите кружат три имиња – Мајкл Олисе, Витиња и Жоао Невеш, но и Баерн Минхен и ПСЖ испратија сигнали дека не се заинтересирани за преговори.

И додека „светците“ тоа го прават тивко преку инсајдерска комуникација со медиумите, „баварците“ се прилично гласни.

„Олисе е важен дел од нашиот проект и има долгорочен договор со клубот. Баерн не е клуб што има потреба да ги продава своите најдобри играчи. Ако Флорентино Перез размислува да испрати понуда, подобро е воопшто да не си го губи времето“ – порача претседателот на Баерн, Херберт Хајнер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×