Габриел Жесус раскажа како плачел поради Гвардиола: Полудев, не можев да поверувам…

by
2 минути читање

По пет години на
„Етихад“, Габриел Жесус минатото лето го напушти Манчестер Сити и се пресели во
Арсенал во потрага по поголема минутажа и место во првиот тим.

Бразилецот сега
откри една епизода со Пеп Гвардиола во сезоната 2021/22 по која сакал да си оди.
Габриел Жесус плачел кога дознал дека против ПСЖ во Лигата на шампиони ќе седи
на клупа, а Олександр Зинченко наместо лев бек, ќе игра „лажна 9-ка“.

„Имаше натпревар
на кој Пеп го стави Зинченко да игра „лажна 9-ка“. Го паметите натпреварот? Во
Лигата на шампиони, против ПСЖ, на домашен терен. Луда работа. Ден пред
натпреварот, Зинченко не беше во комбинација на тренингот, јас играв како
напаѓач. Следниот ден, на два часа пред натпреварот… Дури и самиот Зинченко
се шегуваше со мене и ми рече, „тој ден навистина ми беше жал за тебе““

раскажува Габриел Жесус.

„Кога го соопшти
тимот… не можев ниту да јадам. Се упатив право во соба, плачев. И се јавив на
мајка ми да разговараме, и кажав, „сакам да заминам“. Ми се одеше дома, го
стави него наместо мене. Стави лев бек во нападот наместо мене. Полудев, не
можев да поверувам“.

Судбината сепак сакала
Габриел Жесус да биде херој на тој натпревар, напаѓачот влезе од клупата и
постигна гол за победа од 2-1.

„На полувреме
беше 0-0, а по пет минути игра во вториот дел Мбапе постигна гол за 1-0, па Пеп
ме пушти во игра“.

„Забележав
асистенција и постигнав гол, направивме пресврт и победивме со 2-1. Мислев дека
ќе играм на следниот натпревар, но не игра. Имаше многу вакви ситуации со него,
и воопшто не е лесно“.

„Веќе тука
одлучив, знав дека повеќе не сакам да бидам дел од клубот и решив да заминам“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани