Грците во еуфорија: 100.000 навивачи побарале билети за натпреварите со Холандија и Германија!

by Стефан
1 минути читање

Грција ја зафати вистинска фудбалска еуфорија. Интересот за следните два натпревари на репрезентацијата во Лигата на нации е огромен, а според грчкиот „Спорт24“, повеќе од 100.000 навивачи се на листата на чекање за билети.

Грците ги очекуваат големи пресметки, бидејќи на стадионот „Тумба“ во Солун ќе гостуваат Холандија и Германија. Првиот натпревар е закажан за 1 октомври, додека три дена подоцна следува дуелот со Германците.

Интересот е толку голем што, доколку сите заинтересирани добијат билети, стадионот би можел да биде исполнет неколкупати. Оттаму, во Грција веќе се очекува билетите да бидат распродадени за многу кратко време.

Но, не се само навивачите причината за големата еуфорија. Репрезентацијата предводена од Иван Јовановиќ има одличен старт во Лигата на нации, а следните натпревари можат да имаат големо значење за нејзината иднина. Грција со пласман во четвртфиналето би обезбедила место во најсилната дивизија и во следното издание на Лигата на нации, односно во Лигата А за сезоната 2028/29.

Резултатите од ова натпреварување може да бидат важни и за позицијата на Грците пред ждрепката за квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Потенцијалното место меѓу носителите би можело да им донесе поповолна позиција во квалификацискиот циклус.

Грција во првите две кола забележа две големи победи, на гостувањето кај Србија славеше со 2-1, додека вчера ја совлада Германија со 1-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×