Фулам не може глава да крене од Ал Ахли, на тренерот Марко Силва му понудија неверојатни 40 милиони

by
1 минути читање

Арапите ова лето се расфрлаат со пари и прават многу проблеми на клубовите од Европа.

Фулам си има мака со Ал Ахли, каде настапува и нашиот Езгјан Алиоски. Клубот од Џеда веќе се договори со Александар Митровиќ и испрати две понуди за услугите на Србинот, кој пак се закани дека повеќе нема да игра откако не доби зелено стетло за трансфер.

Ал Ахли сега испрати богата понуда и за тренерот Марко Силва, кој има можност да заработи 40 милиони фунти за две години.

Португалецот е примамен од парите, но пред да донесе одлука ќе седне на разговор со сопствениците на Фулам.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани