Фудбалската федерација на Португалија негира дека Роналдо се заканувал со заминување од СП

by
1 минути читање

Од почетокот на подготовките со Манчестер јунајтед пред оваа сезона па досега, Роналдо повеќе е во центарот на вниманието поради нефудбалски работи отколку поради неговите игри на теренот.

Таков е и неговиот престој на Светското првенство со португалската репрезентација. Се пишува дека тој имал кавга со селекторот Фернандо Сантош откако дознал дека нема да биде стартер против Швајцарија и во жестината на кагвата се заканил дека ќе си замине.

Откако ова излезе во јавноста, се јави и Португалската федерација на Португалија која го негираше тоа.

„Информациите кои велат дека Кристијано Роналдо се заканувал дека ќе го напушти националниот тим за време на разговорот со Фернандо Сантош не се точни“, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Португалија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани