124
Една од грешките на Пеп Гвардиола кога се трансферите во прашање е пуштањето на Хулијан Алварез да замине, тој потпиша за Атлетико Мадрид и таму потврди за каков фудбалер се работи.
Информациите од Англија сега велат дека Алварез би можел да се врати во Премиер лигата, но не во Манчестер Сити туку во Ливерпул.
Црвените ја испитуваат ситуацијата, а јасно е дека Атлетико Мадрид нема евтино да се откаже од Алварез за кого платија 82 милиони евра.
Ливерпул ќе треба сериозно да го одврзе ќесето за да го реализира овој трансфер.