Фудбалерот од 100 милиони фунти ќе седи дома наместо да игра на Светското клупско првенство

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува Телеграф, Пеп Гвардиола решил да го изостави Џек Грилиш од составот на Манчестер Сити за Светското клупско првенство.

„Граѓаните“ за ангажман на Џек Грилиш платија рекордни 100 милиони фунти, но Англичанецот никогаш не ги оправда парите и не успеа да се наметне во замислите на Пеп Гвардиола.

Се чини дека за Џек Грилиш нема иднина на Етихад, како јасен знак за ова, офанзивниот фудбалер ќе седи дома наместо да игра на Светското клупско првенство.

Како што пренесува Телеграф, Пеп Гвардиола решил да го изостави Џек Грилиш од составот кој ќе патува во САД.

Џек Грилиш не се најде во составот на Манчестер Сити на финалниот натпревар во Премиерлигата, и тогаш Пеп Гвардиола рече: „Секако дека тој мора да игра. Се работи за извонреден фудбалер кој треба да игра фудбал на секој три дена. Ова не се случи сезонава, ниту пак минатата. Но тој мора да игра, доколку не игра со нас, ќе игра во друг клуб“.

ФОТО: X/Manchester City FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани