Јоел Велтман ја искористи повредата на Бертранд Траоре за да измами еден противнички фудбалер и да го помине.
И дел од фановите на Ајакс се згрозени од неспортскиот потег на Велтман, но тој не се согласува со критиките кои стигнуваат од сите страни.
„Само бев паметен“ – изјави Велтман за Метро.
„Бертранд падна и си помислив „ќе го искористам ова во моја полза“, одглумив дека ќе ја исфрлам топката надвор, противникот погледна накај него и јас го поминав“.
„Знам дека не изгледа како нешто убаво, но само бев паметен, ништо повеќе. Можам само добро да се насмеам на тоа“.
„Мислам дека луѓето го предимензионираат моментот, па не бев еден на еден со голманот“.
„Ајде да не ја правиме работата голема, подобро е да се насмееме отколку да ја правиме голема. Не би го направил повторно истото, не мислам дека ќе успее“.