Фудбалерот кој Мурињо го избрка од Рома се договорил со Јувентус

by
1 минути читање

Жозе Мурињо иако не го спомна неговото име, на прес-конференција јавно посочи дека во јануари треба да си оди. Стануваше збор за десниот бек, Рик Карсдроп кој оваа сезона е далеку од она што го одигра лани.

Рома во моментов е на подготовки во Јапонија, а Карсдроп остана во Рим, што е само уште една потврда дека неговата иднина не е во римскиот клуб.

Според италијанските медиуми тој е пред трансфер во Јувентус. Наводно веќе постигнал договор со клубот од Торино, а и преговорите меѓу Јуве и Рома се одвиваат добро па се очекува овој трансфер да се реализира.

Карсдроп треба да ја зголеми конкуренцијата на позицијата на која игра Квадрадо.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×