Фудбалерот кој го постигна пеналот за победа на Аргентина на СП, се пресели во Премиерлигата!

by
2 минути читање

Монтиел го постигна одлучувачкиот гол во пенал серијата во финалето од Светското првенство за Аргентина, по тој погодок почна големата радост во неговата земја. А беше стрелец и на клучниот пенал за Севиља против Рома во финалето од Лига Европа.

26-годишниот бек се пресели во Премиерлигата, ќе игра за тимот на Нотингем Форест.

„Нотингем Форест со задоволство може да го соопшти потпишувањето со аргентинскиот репрезентативец Гонзало Монтиел од Севиља“, стои во соопштението на клубот.

Тој доаѓа на едногодишна позајмица со опција целосно да биде откупен по крајот на сезоната.

@2024 – Сите права задржани