Фудбалерка збесна во Бразил: Шутираше противничка во глава и доби пет години суспензија! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Сериозен инцидент го одбележа општинското првенство во футсал за жени во бразилскиот град Еузебио, по што една фудбалерка беше казнета со петгодишна суспензија од сите натпреварувања под организација на локалната лига.

Инцидентот се случил на натпреварот меѓу РДЈ Спорт и РСН, одигран на 22 јули, кога по еден дуел на теренот дојде до физичка пресметка меѓу две противнички.

Фудбалерката на РСН со број 10 најпрво ја собори својата противничка, а потоа, додека таа лежеше на паркетот, неколкупати ја удираше со нога во пределот на главата.

Градските власти на Еузебио соопштија дека дисциплинската комисија, врз основа на извештаите од официјалните лица, донела одлука да ја изрече најстрогата можна санкција. Фудбалерката е суспендирана на пет години од сите натпреварувања што ги организира локалната футсал лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×