Вардар синоќа ја завери шампионската титула, црвено-црните се вратија на тронот, а утринава извршниот директор Миленко Неделковски соопшти повеќе информации.
Во поголем пост на социјалните мрежи, извршниот директор на Вардар меѓудругото информираше дека фудбалерите кои го водеа тимот до шампионската титула ќе поделат премија од 250.000 евра.
Тој очекува во наредното, последно коло, фудбалерите на Шкендија со шпалир да му ја честитаат титулата на Вардар.
Клубот ќе организира прослава за шампионската титула на која ќе може да присуствува секој кој сака, таа ќе се случи по мечот со Шкендија, а деталите ќе се објават наскоро.
По одморот кој ќе го имаат, фудбалерите на Вардар во погон се враќаат на 8 јуни, а главните подготовки за следната сезона ќе се одвиваат во Норчиа, Италија.
Неделковски најави и неколку нови засилувања за престојната сезона.