Фудбалерите на Тотнем биле шокирани од строгиот режим на Конте, морале да трчаат 2 км пред натпревар!

by
1 минути читање

По отказот кој го доби Антонио Конте од Тотнем, медиумите од Англија почнаа
да пишуваат каде пукнала тиквата.

Жестоката прес конференција на Италијанецот по ремито против Саутемптон
кога Антонио Конте удри по своите фудбалери било кулминација на тензијата која
траела подолго време.

На играчите им пречел дефанзивниот пристап кој го негувал стратегот и барале
да се игра поофанзивно, овој предлог бил даден на кризниот состанок одржан во
јануари, по кој „спарси“ победиле на пет од шест натпревари во Премиерлигата.

Фудбалерите исто така биле шокирани од строгиот тренинг режим на Антонио
Конте, оосбено од праксата да трчаат по 2 километри пред натпреварите, што ги истоштувало
дополнително.
Никој не сакал јавно да даде поплака, но приватно сите признавале дека се
збунети од ваквиот пристап.

Имало замерки и за едноличноста на тренинг сесиите, или како што вели извор
од соблекувалната, „истите тренинзи секој ден, истите тактики секој ден“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×