63
Рома изврши
дополнителни тестирања за коронавирус и потврди дека оние кои се повикани за
своите национални селекции нема да го напуштат клубот.
„Скај Спорт
Италија“ известува дека тренерот Пауло Фонсека и неговиот стручен штаб донеле
конечна одлука да имаат само индивидуални тренинзи, за да се спречи ширењето на
заразата во клубот.
Мараш Кумбула е
последниот кој се приклучи на листата на фудбалери позитивни на ковид-19, а во
моментов има шест активни случаи во составот на „Римската волчица“ кои веќе се
подложни на самоизолација.