Ливерпул го има најлошиот старт под водство на Јирген Клоп откако синоќа загубија на гостувањето кај Манчестер јунајтед со 2-1.
Играчите на Ливерпул во неколку наврати се караа, Џејмс Милнер и Вирџил ван Дајк се окривуваа меѓусебно по голот на Џејдон Санчо за водство од 1-0, па Јирген Клоп беше запрашан дали има проблеми во тимот.
„Точно е дека имаше расправија на теренот, но нема никакви проблеми во тимот. И јас бев фудбалер, никој не е среќен кога ќе се изгуби натпревар. Тоа е сосема нормално“ – вели Германецот.
„Кога играте вкаков натпревар и кога се борите, момците разговараат еден со друг и долу на теренот конверзацијата е малку поинаква“.
Запрашан дали е загрижен поради тоа што Ливерпул има освоено само два бода по првите три кола, тренерот на Ливерпул рече: „Загрижен сум од ситуацијата, не е лесно“.