Нови информации за скандалот во Јувентус и истрагата која ја води обвинителството од Торино.
Ла Република открива дел од комуникацијата во ВатсАп групата која ја имале фудбалерите на Јувентус.
Тогашниот капитен, Џорџо Кјелини порачал никој да не разговара со новинарите бидејќи официјалното соопштение ќе биде поразлично од она што тие интерно се договориле.
„Момци, немојте да се грижите. Ќе одам кај претседателот и тој ќе потпише гаранција“ – се вели во една од пораките.
Јувентус во март 2020 соопшти дека фудбалерите со откажале од четири плати, но во пракса, фудбалерите не добиле само една плата, додека за другите три биле направени приватни договори со кои им се гарантира дека ќе ги добијат сите пари, дури и ако го напуштат клубот.
Вчера беше објавено дека истражителите го нашле тајниот договор помеѓу Кристијано Роналдо и Јувентус, истиот тежи 19,9 милиони евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.