Фудбалер од Серија А за малку ќе се удавел на базен, го спасувале со хеликоптер

by Стефан
1 минути читање

Младиот напаѓач на Каљари, 20-годишниот Јаел Трепи заврши на одделението за интензивна нега откако за малку ќе се удавел во базен на луксузна вила на Сардинија.

Францускиот фудбалер со хеликоптер итно бил префрлен во болница, а од италијанскиот клуб не ја кријат големата загриженост за неговата здравствена состојба.

Несреќата се случила за време на слободниот ден, кој фудбалерите го добиле по настапот во Купот на Италија.

Според пишувањето на медиумите младиот фудбалер во попладневните часови ја загубил свеста додека бил во вода.

Италијанските медиуми наведуваат дека Трепи воопшто не знаел да плива и дека по несреќен сплет на околности завршил во длабокиот дел од базенот.

По драматичниот настан се огласи и неговиот клуб со официјално соопштение.

„Каљари соопштува дека фудбалерот Јаел Трепи моментално е хоспитализиран во цивилната болница ‘Сантисима Анунцијата’ во Сасари, каде што се наоѓа на одделението за интензивна нега“, соопштија од клубот.

Од Каљари додаваат дека внимателно ја следат ситуацијата во соработка со лекарите и семејството на фудбалерот, а истовремено побараа да се почитува неговата приватност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×