Фудбалер на Вулверхемптон направил хаос на тренинг: Лакт на младинец, плукнал тренер, лупнал ТВ од земја…

by
1 минути читање

„Волците“
минатата недела соопштија дека искусниот Џони е отстранет од тимот, без притоа
да откријат повеќе детали.

Медиумите од
Англија сега обелоденија детали од инцидентот, Шпанецот направил скандал на
еден од тренинзите.

Се почнало кога
младинецот Таванда Чирева малку поостро стартувал врз Џони, па десниот бек
бурно реагирал и тргал да му удри лакт на момчето.

Брзо притрчале
луѓето од тренерскиот персонал, кои се обиделе да ја смират ситуацијата, но само
повеќе го налутиле Џони, кој почнал да ги плука.

Шпанецот
продолжил со испадите и во соблекувалната, каде лупнал еден телевизор од земја,
а искршил и една масичка.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×