9
Необична и несекојдневна сцена го одбележа натпреварот меѓу Колумбија и Узбекистан, кој заврши со победа на јужноамериканската селекција од 3:1.
Во еден дуел покрај аут-линијата, узбекистанскиот фудбалер Хусанов се обиде да го запре Луис Дијаз, кој беше во полн спринт. Најпрво направи прекршок врз колумбискиот репрезентативец, а во продолжение на акцијата налета и на камерманот кој се наоѓаше непосредно до теренот.
При судирот, снимателот се здоби со повреда, поради што мораше да добие лекарска помош, а потоа беше пренесен во болница каде што му беа извршени дополнителни прегледи.
Khusanov ran over a camera man 😭😭 pic.twitter.com/PGnqOHLLQW
— 𝐄𝐑 (@ErlingRoIe) June 18, 2026