Фудбалер на Тотнем потрошил речиси 1 милион евра на опрема, скаутинг и доктори за да биде во врвна форма

by
1 минути читање

Емерсон Ројал
пристигна во Европа со помош на Барселона, „каталонците“ заедно со Бетис го
купија Бразилецот, но никогаш не му дадоа вистисна шанса и во 2021 година го продадоа
на Тотнем.

Десниот бек брзо
се наметна како прв избор во „спарси“ но неговиот успех не е случаен. Како што
пренесува Сан, цел еден тим се грижи за Емерсон Ројал и не се штедат пари за
фудбалерот да биде во врна форма.

Весникот објави
дека е потрошен речиси 1 милион евра на опрема, скаутинг и доктори, Емерсон има
сопствена хипербарична кислородна комора која му помага побрзо и подобро да се
опорави по напорните натпревари.

Бразилецот исто
така платил да биде направен скаутинг на Ашраф Хакими, кој во Интер блескаше
под водство на Антонио Конте, па составено е цело досие за тоа како Мароканецот
ја напраднал својата игра.

Емерсон Ројал
исто така внимава и на психолошкиот дел од играта и работи со Др. Фабиано де
Абреу Агрела, кој му помага со вежби за концентрација и како да ја намали нервозата
кога греши на терените.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×