Фудбалер на Реал Мадрид бил дрогиран и ограбен на Ибица

by
1 минути читање

Фудбалерите често
се мета на крадци, неодамна Марко Верати беше ограбен додека престојуваше во
вилата на Роналдо на Ибица, пленот изнесуваше околу 3 милиони евра.

Непријатно
искуство на пoпуларниот остров имал и Феде Валверде од Реал Мадрид, неговата
девојка Мина Бонино на социјалните мрежи сега откри дека биле ограбени, а се
сомневаат и дека биле дрогирани бидејќи не осетиле ништо.

Материјалната
штета не била голема, им биле одземени околу 10.000 евра и повеќе боли тоа што им
била нарушена приватноста, или во случајот на Мина Бонино, некој ја гледал додека
спиела гола.

Феде Валверде и Мина
Бонино продолжиле со одморот на Ибица, но ја промениле вилата и го зајакнале обезбедувањето. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани