Фудбалер на Ница се закануваше со самоубиство, за среќа го убедија да не скокне од мост!

by
1 минути читање

Повеќе од три
часа траела драмата која ја предизвикал 22 годишниот Алексис Бека Бека,
фудбалерот на Ница утрово го сопрел својот автомобил на автопатот А8, седнал на
работ на еден мост и се заканил дека ќе се самоубие.

На лице место веднаш
се упатиле голем број служби како полиција, противпожарна единица и полиција, а
од клубот испратиле и психолог да разговара со Алексис Бека Бека.

За среќа целата
ситуација имаше среќен крај, по долги напори, Алексис Бека Бека бил убеден да не
скокне во бездната висока 100-тина метри, а пожарникарите го отстраниле од
опасната зона на мостот.

Во прв момент се
пишуваше дека фудбалерот се обидел да си го одземе животот поради љубовни
проблеми, но ова подоцна беше демантирано од неговиот агент.

Алексис Бека Бека
пристигна во Ница во август 2022 од редовите на Локомотив Москва во трансфер
вреден околу 14 милиони евра, но минатата сезона имаше ограничена минутажа, а во
оваа нема забележано ниту еден настап.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани